Синодата се трансформира. Во нејзиниот тек се воведени промени. Од сега според зборовите на кардинал Марија Греч главен секретар на Епископската синода, ќе може да се слушне гласот на сите. Но, во пракса, што ќе се промени за жените?
Ромилда Ферото тоа прашање го постави за месечникот Donne Chiesa Mondo на ватиканскиот весник Л’Осерваторе Романо, до сестра Натали Бекварт монахиња од Франција и потсекретар на Епископската синода од февруари 2021 година.
„Еден навистина нов факт од прогласувањето на новата конституција на папата Фрањо за синодата Episcopalis communio од 2018 година е дека синодата помалку се смета за настан кој ги вклучува пред сѐ епископите и дека повеќе се гледа како процес во кој е исклучително важна подготовката. Консултациите на епископско ниво, потоа на национално и континентално ниво, на одреден начин веќе се синода. Тоа што е во прашање на ова синода е најшироката можна вклученост на различностите на Божјиот народ sensus fidei. И жените кои претставуваат барем половина од крстените, се поттикнуваат да се вклучат. Во пракса за жените ќе се промени тоа што тие ќе бидат активен дел од самиот почеток, особено на локално ниво: во парохиите, заедниците, движењата и бискупиите. Во оваа нова динамика доста се очекува.“
Дали придонесот на жените е (или не е) дополнителна вредност?
Синодалниот процес е отворен пат. Затоа верувам дека не би требало да имате однапред создадена идеја за придонесот кој жените можат да го дадат. Напротив, она што навистина е во прашање е да се осмелат да проговорат и да го заземат своето место кое им припаѓа. Би кажала дека жените би морале да го донесат тоа што се. Во основа, верувам дека она што тие конкретно го нудат всушност е моторот на синодалноста. Затоа што силно сакаат Црквата повеќе да не биде клерикална Црква резервирана за елитата, каде само некои одлучуваат за сѐ. Жените се стремат за учество во одлуките на Црквата. Од друга страна, најновите синоди јасно инсистираа на предизвикот на женското водство во Црквата.
Зошто жените тешко ги преземаат своите одговорности во Црквата?
Ако ја погледнете историјата на Црквата и општествета, поголемиот број земји го наследиле вековниот патријархален менталитет. Дури и денес некои жени го живеат тоа. Насекаде се доминирало над жените, не им било допуштено да даваат придонес од своја страна, да се слушне нивниот глас и да ги изразат своите таленти. Жените силно сакаат егалитарни релации засновани на почит. Затоа се силен мотор на синодалноста. Често зборувам дека во Божјиот народ жените и младите предначат во спроведувањето и промовирањето на синодалноста.
Факт е дека процесот на советување неизбежно ќе се надоградува на постоечките структури. Познато е дека во некои локални Цркви жените сѐ уште играат маргинална улога.
Советувањето сигурно ќе започне од бискупијата, а тоа значи дека движењата, меѓународните здруженија на верници, монашките заедници или заедниците на посветениот живот се повикани најпрво да учествуваат на ниво на бискупија затоа што се дел од Божјиот народ и сите крстени мора да бидат субјекти на консултација. Овде во локалните Цркви мора на вообичаен начин да се одвиваат консултациите со Божјиот народ, затоа што тоа е местото каде што оди црквата.
Но Episcopalis communio исто така става црно на бело дека тие нивоа исто така се места преку кои мора да помине советувањето, како низ високообразовните институтции или католичките универзитети. Понатаму како и во текот на Синодата за младите, предвидено е групи луѓе или евентуално поединци да можат да испратат свој придонес директно до Главниот секретаријат на Синодата. После тоа жените би можеле да направат нивниот глас да се слушне на пример преку здружението на кое му припаѓаат, а посебно преку здруженијата на жените.
Синодалната Црква е Црква на слушање. Сега, со причина многу жени имаат впечаток дека не се слушаат.
Понтификатот на папата Фрањо е длабоко вкоренет во она што Вториот Ватикански собор го рекол за Црквата како Божји народ. Црквата по својата природа па според тоа и конститутивно е синодална. Меѓу останатото во раните векови на Црквата власта била колегијална и синодална. Подоцна тој акцент се загубил и денес повотрно се открива како плод на Вториот ватикански собор. Доволно е да се потсетиме дека во соборската конституција Lumen gentium, второто поглавје за Божјиот народ се става пред поглавјето за хиерархијата. Папата Фрањо јасно нагласува дека освен сите разлики во Црквата на сите ни е заедничко крштението. Факт е дека за работите да се променат потребни се промена на менталитетот и истовремено реформа на структурите. Секако, ова синода нема да промени сѐ преку ноќ. Ги замоливме сите бискупии да основаат синодални собранија кои можат да го следат и направат синодалниот процес жив. Надевајќи се дека на овие многу конкретни места повеќе ќе ја отвориме важноста на работата во групи, мажи и жени, лаици, посветени лица, свештеници. Уште повеќе фактот дека маж и жена – шпанецот монс. Луис Марин де Сан Мартин и јас – истовремено сме именувани за потсекретари на Главниот скеретаријат на Синодата би можело да послужи како пример и за друго место. Синодалната Црква е Црква во која заедно работиме и расудуваме.
Може ли ова нова синодална динамика исто така да ја ублажи тензијата и барањата на некои Цркви?
Разбирам дека некои би можеле да помислат дека ова трае премногу долго, но промената во секоја институција не се прават во еден ден. Најголемиот предизвик е моќта, мажи и жени се слушат едни со други, се разбираат. Искрено се надеваме дека ова синода ќе поттикне многу поинтензивен дијалог помеѓу пастирите и верниците. Тоа исто така бара меѓусебно запознавање, надминување на стравовите, понекогаш и навикнувањето.
На неодамнешните синоди прашањето за гласот на жените предизвика големо интересирање и некои полемики. Вашето именување ги подигна очекувањата. Како Вие го гледате прашањето за гласањето на жените?
Се повикувам на она што кариднал Греч го рече кога бев именувана. Благодарение на упатената покана и функцијата која ја извршувам, се отвори вратата. Но, не можам однапред да кажам што ќе се случи. Го разбирам интересот кое го предизвикува прашањето за гласањето. Живееме во демократски култури каде гласањето игра исклучително важна симболичка улога. Но, кога подлабоко се испитува што е синода, јасно е дека ако динамиката добро функционира мора да се постигне консензус. Всушност гласањето доаѓа на крајот од процесот по договорот за конечниот текст. За време на Соборот речиси сите инситуции и текстови се изгласани скоро едногласно. Истата работа се случува во синодалната сала. Затоа не сакам да ја намалам важноста на гласањето. Но, она што ми изгледа особено важно не е толку што жените можат да гласат на крајот, туку што можат од самиот почеток на процесот да учествуваат во разработката на заедничкото расудување кое би требало да доведе до консензус. Синодата не е парламент; тоа е човечко-божествена реалност, водена од Духот.
Дали Синодата би станала вектор на обнова и реформа на Црквата?
Епископската синода е еден од многуте синодални облици кои постојат. Епископските синоди се уште еден институционален облик на синодалност. Но, моменталниот предизвик не е само да се има синода, туку и самиот стил на Црквата на сите нивоа да стане синодален. Денес сме повикани на синодалоност на Црквата во сите нејзини случаи, на сите нивоа, за синодалноста навистина да ја направиме секојдневна modus operandi. Во нашите многу индивидуалистички општества често ја губиме заедничката и црковната димензија на нашата вера. Денес сме во фаза на повторно учење на синодалноста. Синодалноста која беше присутна во зората на Црквата. Но, не може само да се копира и да се залепи: контекстот во кој живееме е поинаков. Ова повторно учење затоа произлегува и преку искуството, преку доживеното искуство.
Ватикан њуз/к.мк