Народните движења: Ниту еден работник без права, ниту едно семејство без стан, ниту еден земјоделец без земја, ниту еден народ без територија

Огромната моќ на мултинационалните компании, кои ги злоупотребуваат добрата се вистинска виолина во симфонијата за уништување, кое се состои од насилство, наркотерористичката мафија, трговијата со оружје и луѓе, профитерство во агроиндустријата, неконтролирано искористување на рудните богатства, потиснувањето на земјоделците, со што се создава сиромаштво и ја потпомага културата на отпад – стои во завршното соопштение од средбата на народните движења, со повик да се пронајдат структруалните причини за нееднаквост и исклучување во „неправедната природа на капиталистичкиот систем кој ја става заработката над човечките битија“.

„Јасните и одлучни зборови на папата Фрањо не дозволуваат двоструко толкување и потврдуваат дека грижата за сиромашните е во центарот на Евангелието“ – стои во завршното соопштение.

Понатаму документот потврдува дека земјата, работата и станот се неотуѓиви човечки права. Во понатамошниот дел од соопштението делегатите на народните движења ја изразуваат солидарноста за состојбата на Палестинците и Курдите на Блискиот Исток, препознавајќи ја маргинализаираноста и злоупотребата на жените и мигрантите. Тие исто така ја изразија својата грижа за децата и младите: „Ако децата немаат детство, ако младите немаат проекти, земјата нема иднина“ – истакнуваат делегатите на народните движења.

Соопштението завршува нагласувајќи дека „земјата, станот и работата се свети права“ и повикува: „Ниту еден работник без права, ниту едно семејство без стан, ниту еден земјоделец без земја, ниту еден народ без територија“.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот