Наместо „Planned Parenthood“обвинет новинарот кој ја откри нелегалната трговија
Дејвид Далејден, новинар кој е одговорен за видео-снимките со обидите на Планирано Росителство да продаде органи на абортираните деца, се соочува со 20 години затвор откако државната порота одлучи да не го тужи Планирано Родителство, туку Далејден и тоа за обид купување човечки органи од тој американски ланец на клиники во кој се извршуваат абортуси.
Како што пренесува LifeSiteNews, водителот на Центарот за медицински напредок се обвинува за „манипулирање со владини податоци“ и кршење на државната забрана закупување и продавање човечки органи. Поротниците од Тексас, со други зборови, го тужија Далејден, а не Планирано Родителство за илегална трговија со органи за абортирани деца.
Потсетуваме, истрагата е започанта откако Центарот за медицински напредок објави снимки од состанокот со членови на Планирано Родителство, на кои потврдуваат вмешаност во повеќе криминални дела, како на пример заработка од трговијата со човечки органи или прилагодување на процедурите на абортус за да се добијат „неоштетени примероци“. Државната истрага за Планирано Родителство продолжува.
Од Центарот за медицински напредок одговорија ако се виновни за обидот за купување човечки органи – под параванот на непостоечка фирма за да би ја разоткриле нелегалната трговија со органи – тогаш треба да се тужи и Планирано Родителство за обид за продавање на овие органи. Купување на фетални ткива бара и продавачи – напоменија, истакнувајќи дека признанието за продажба на органи е документирано на видеозаписот.
Исткнаа дека во своето истражувачко новинарство се служеле со истите методи кои новинирите со децении ги користеле од Првиот амандман на Уставот на Соединетите Американски Држави за слобода на говорот и печатот и дека нивните методи се во согласност со сите важечки закони.
РВ/Б.Р.