Надбискупот Силвано Томази: Светиот Престол силно се зазема во борбата против мачењето на луѓе

Светиот Престол се зазема во борбата против мачењето, со првобитна намера заштита на неповредливите права на секоја човечка личност – рече надбискупот Силвано Томази, во својот говор во Женева, на 52 заседание на Комитетот на Обединетите нации, за Конвенцијата против мачењето.

Светиот Престол Конвенцијата ја гледа како исправен инструмент за борба против злосторствата кои длабоко го навредуваат човечкото достоинство. Надбискупот Томази понатаму рече дека делегацијата која ја предводи, ја цени Конвенцијата кон која Ватикан пристапи уште во 2002 година и предупреди на погрешните толкувања во погледот на делувањето на овој инструмент, повикувајќи се на предвидената Декларација за толкување, од моментот на нејзиното усвојување. Постојаниот набљудувач на Светиот Престол при Обединетите Нации во Женева покажа дека Конвенцијата во Ватикан се применува и во толку, произволните изјави кои Светиот Престол го поистоветуваат со Црквата, се погрешни.

Исто така се истакнува – рече надбискупот – дека Светиот Престол нема јуриздикција над секој член на Католичката Црква, па личностите, кои живеат во некоја друга земја, се подложни на јуриздикцијата на легитимните власти на одредената земја. Државните власти се обврзани да ги заштитат – а кога е тоа неопходно – и да ги протераат личностите подложни на нивната јуриздикција. Светиот Престол – додаде – на ист начин ја врши власта над они личности кои живеат во Државата – Град Ватикан, складно со сопствените закони.

Почитувајќи ги начелата на автономија и сувереност на државите, Светиот Престол инсистира на тоа државната власт која има легитимна надлежност, како одговорен субјект на правдата, да делува против злосторствата и злоупотребите направени од страна на личности кои се наоѓаат под нејзина власт. Секој поединец, без оглед на неговата припадност на некоја католичка институција, подлегнува на посебната државна власт.

Светиот Престол сака при примената на Конвенцијата на сите нови ситуации, истите да останат во доменот на истата Конвенција. И тоа затоа – рече монсињор Томази – поради воведувањето на нови теми, за кои Конвенцијата не говори, ја заматуваат првобитната цел на самата Конвенција и со тоа и заштитата на оние кои се навистина злоупотребени и мачени. Постои значи опасност, не само работата на Комитетот да биде неделотворна, туку и штетна – рече монсињор Томази.

Надбискупот не пропушти да потсети на бројните ставови и изрази на противење на мачењето, од највисоки црковни инстанции, со посредство на учителството на папите, после Втората светска војна. Светиот Престол ги промовираше, а и понатаму во најширока смисла ќе ги промовира, човечките вредности и права, кои се неопходни фактори за пријателски односи меѓу народите како и за светскиот мир.

РВ/С.С.

Категорија: Ватикан

За авторот