Новоименуваниот архиепископ на јужноафриканскиот град Дурбан Зигфрид Мандла Јвар (64) ја повика Владата на поголема независност во борбата против Ковид-19.
Иако ја поздравува најавената помош на Европа и Соединетите Американски Држави, на кои морално се и обврзани, монс. Јвар верува дека Јужна Африка „треба да застане на свои нозе“ и да се грижи за своите граѓани, „во спротивно секогаш ќе молиме за помош“. Многу африкански земји во моментов се во третиот и досега најлош бран на коронавирус. Вкупно 6 милиони луѓе се заразени на континентот, а според Светската здравствена организација (СЗО), само 2 проценти се вакцинирани. Јужна Африка, Руанда и неколку други земји во моментов работат на регионално производство на вакцини.
Монс. Јвар во интервју за агенцијата КНА, го критикува бавниот тек на програмата за вакцинација во Јужна Африка. Во исто време, претпазливо ја пофали борбата против корупцијата. Тој истакна дека ќе биде задоволен дури тогаш кога конечно ќе се реши непотизмот, но дека е добро да се види дека на тоа поле „нешто започна да се случува“.
Папата Фрањо на почетокот од јуни го именува монс. Јвар за нов надбискуп на Дурбан, а од 8 август во службата ќе го наследи кардинал Винфрид Фокс Напиер (80), кој надбискупијата ја води од 1992 година. Именувањето изненади многумина, затоа што како наследник на кардинал Напиер се сметаше дека ќе биде архиепископот коадјутор Абел Габуза (65), но тој во јануаро почина од „Ковид-19“.
Ватикан њуз/к.мк