Презентација на постојаниот набљудувач на Светиот Престол во Обединетите нации на 23-та сесија на Постојаниот форум на Обединетите нации за домородни прашања
Домородните народи имаат право на самоопределување, кое треба да се реазлизира во согласност со меѓународното право, кое им овозможува слободен економски, социјален и културен развој – рече на 17 април 2024 година надбискупот Габриеле Кача, постојан набљудувач на Светиот Престол во ОН, на 23-та сесија на Постојаниот форум на Обединетите нации за прашања на домородните народи. Притоа, тој посебно се осврна на домородните млади.
Чувари на нивната култура
Надбискупот Кача повтори дека е важно да се препознае улогата на домородните млади, бидејќи тие се сегашни и идни чувари на нивната култура и носители на нивното културно наследство, традиција и јазик, за да можат да придонесат за зачувување на различните начини на животот на нивните заедници.
Дијалог меѓу државата и домородното население
Мост меѓу генерациите – додаде и истакна постојаниот набљудувач – младите староседелци се распоредени и на линијата на фронтот во заштита на наследеното земјиште, природните ресурси и екосистемите. Надбискупопт Кача затоа поттикна важен дијалог меѓу државите и домородното население; дијалог кој промовира култура на средба, наспроти затворениот, аисториски и статичен живот на домородното население.
Ватикан њуз/к.мк