Надбискупот Девчиќ прими претставници на МПЦ

Риека, 4.6.2013 /к.мк/ – Црковни великодостојници од Македонската православна Црква на 3 јуни го посетија надбискупот на Риека Иван Девчиќ во богословската семинарија Иван Павле II. Митрополитот на Македонската епархија за Европа Пимен, архимандритот на Македонската православна епархија во Америка и Канада Арсениј и загребачкиот протоереј Кирко Велински еден ден порано со верници од Македонија во Католичката црквата Свети Фабијан и Себастијан во Риека со Архиерејска Литургија го прославија празникот Свети Константин и Елена. Воедно тоа беше и прослава на јубилејот 1700 години слобода за христијанството која со едикт го овозможи римскиот цар Константин. Надбискупијата од Риека отстапи Католичка црква во стариот град на Риека за користење на верниците од МПЦ, па високите претставници во таа пригода уште еднаш му заблагодарија на надбискупот за соработката и разбирањето. Македонската православна општина во Риека брои околу 250 православни верници.

Надбискупот Девчиќ ја потврди добрата соработка на двете христијански цркви во Риека, истакнувајќи дека Надбискупијата во Риека негува добри односи со сите христијански заедници, како и со исламската заедница. „На сите нас заедничката основа е верата на Авраам, но заедничко ни е и посланието – грижата за човекот, рече надбискупот. Митрополитот Пимен, со заблагодари за соработката, и истакна дека со почит и чување на различностите се остварува и заедништвото на христијаните.

Претставниците на Македонската Православна Црква на 2 јуни ги посетиле капуцините во Риека, учествувале на Литургијата во Црквата Богородица Лурдска. На средбата со верници на Католичката црква најмногу впечаток и оставила нивната отвореност и желба за запознавање.

Извор: ИКА/Превод:И.Д.

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<