Надбискупот Гансвејн е именуван за нунциј во Литванија, Естонија и Латвија

Надбискупот Гансвејн е именуван за нунциј во Литванија, Естонија и Латвија

Папата Фрањо во понеделник 24 јуни 2024 година за нов претставник во балтичките земји го именува поранешниот префект на Папскиот дом, кој со години беше личен секретар на Бенедикт XVI.

По нешто повеќе од една година помината во неговата матична бискупија во Фрајбург, германскиот надбискуп Георг Гансвајн, почесен префект на папскиот дом, е именуван за Апостолски нунциј во Литванија, Естонија и Латвија. Ова го објави Канцеларијата за печат на Светиот Престол во соопштение од 24 јуни 2024 година во кое стои дека надбискупот, кој беше личен секретар на Бенедикт XVI од 2003 година до неговата смрт, папата Фрањо го именува за негов претставник во трите балтички земји.

По смртта на папата Бенедикт XVI, надбискуппот Гансвајн ги заврши своите должности како префект на Папскиот дом во февруари 2023 година; продолжи да престојува во манастирот Mater Ecclesiae, резиденцијата на папата Рацингер по неговото повлекување, сè до јуни, кога – со одлука на папата Фрањо – се врати во Фрајбург, германска бискупија од која доаѓа. Папата го прими надбискупот Гансвајн на приватна аудиенција на 3 јануари 2024 година, кога престојува во Ватикан по повод светата Литургија за првата годишнина од смртта на Бенедикт XVI.

До минатата година нунциј во тие три земји беше надбискупот Петар Рајиќ, Канаѓанец со хрватско потекло, кого папата Фрањо на 11 март го именуваше за нунциј на Светиот Престол во Италија и Сан Марино.

Ватикан нуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот