Секретарот за односи со државите при Државниот секретаријат на Светиот Престол, надбискупот Пол Ричард Галагер во сабота 18 јуни 2022 година во претседателската палата на Водно се сретна со претседателот Стево Пендаровски.
На средбата соговорниците разменија мислења за севкупните односи меѓу Македонија и Светиот Престол, кои ги поврзуваат длабоки историски врски и меѓусебно разбирање, и беше изразено задоволство од зголемената динамика на средби и посети на високо ниво.
На средбата се разговараше и за тековните иницијативи во насока на унапредување на меѓусебната соработка.
Претседателот Пендаровски истакна дека католичката заедница во Северна Македонија, иако мала по бројност, е високо почитувана и е важен дел од македонското мултикултурно и мултиконфесионално општество.
фото: pretsedatel.mk