Надбискупот Галагер: Обедините во борбата против тероризмот

За да се спротистави на тероризмот, меѓународната заедница треба да ги обедини и мобилизира сите средства за сигурност – истакна надбискупот Пол Ричард Галагер, секретар за односи со државите, осврнувајќи се на ситуацијата со неодманешните убиства извршени во Париз, на 13 ноември.

Државата е должна да заштитува, внатре во своите граници, своите граѓани од терористички напади и нивните намери – рече надбискупот и додаде дека интервенција во странство, напротив, мора да бара легитимност и подршка од меѓународната заедница во согласност со меѓународното право. Сепак, јасно се виде дека решевањето на проблемите не може да се довери само на воен одговор – напомена истакнувајќи дека во овој момент меѓународната заедница за да се спротистави на тероризмот треба да да ги обедини и мобилизира сите средства за сигурност. Без обединување на целите на сите политички и верски протагонисти, таа борба нема да биде возможна – рече секретарот за односи со државите.

Што се однесува за дијалогот со Исламска држава, ставот на надбискупот Галагер е многу јасен – известува агенцијата Sir. Во тој случај може да се запрашаме: како е можно да се дискутира со некој кој не е чуствителен на дијалог и не сака да ја запознае човечноста на другите? Како е можно да се разговара кога постои фундаменталистички ставови? Во овој посебен момент мислам дека е многу тешко да се дојде до дијалог, затоа што за негово постигнување е потребно да се воспостави однос со другите, треба да се почитува другиот, па макар и во најмала мера – напомена надбискупот.

Осврнувајќи се на убиствата извршени во Париз, надбискупот изрази близна на семејствата на жртвите, ранетите, на цела Франција, како и на сите луѓе кои во други убиства ги изгубиле своите сакани и истакна дека пред овие сурови дела, кои секогаш се недозволени и неоправдани, цел свет треба да се обедини за да го сочува достоинството на човечката личност.

Надбискупот се осврна и на зборовите на папа Фрањо за телевизискиот медиум TV2000, ден после убиствата во Париз, кога кажа дека тоа што се случи е еден од „деловите“ „на Третата светска војна“… Светиот Отец го употреби овој израз – објасни секретарот за односи со државите – за да ја опише драмата која човештвото ја преживува последните години.

Многу страни се вклучени во конфликтите, многу географски подрачја трпат поради последиците од војните, многу култури и земји ги оплакуваат своите деца. Не смееме да заборавиме уште едно обележје на таа т.н. „трета светска војна во делови“ – додаде – неговото воено поле, имено е глобализираниот свет во кој дури и локалните и регионалните конфликти може да се засилат и брзо да се прошират, предизвикувајќи големи штети на целата светска заедница – истакна секретарот за односи со државите.

РВ/к.мк/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма 
Категорија: Свет

За авторот