Надбискупот Габриеле Кача, постојан набљудувач на Светиот Престол во Обединетите нации, зборувајќи за „Самитот на иднината“ што ќе се одржи во септември на тема: „Клучен момент за реафирмација на основните принципи на меѓународната заедница“, ги истакна зборовите на папата Фрањо од 2015 година дека усвојувањето на Агендата за одржлив развој за 2030 година е „важен знак на надеж“.
Надбискупот Кача се осврна на оваа тема во својот говор на политичкиот форум на ОН на високо ниво за одржлив развој.
„Самитот на иднината дава можност да се размислување за постигнатиот напредок во остварувањето на целите за одржлив развој и да се реафирмираат напорите во светло на новите предизвици“, истакна надбискупот.
Исто така, надбискупот рече дека „императив е да се интензивираат напорите и да се фокусира вниманието на тоа како да се постигне целосен човечки развој за сите“.
„Самитот на иднината мора да послужи како клучен момент за реафирмирање на фундаменталните начела кои ги поткрепуваат колективните напори на меѓународната заедница: унапредување на човечкото достоинство, стремеж кон општо добро и управување со нашата планета“, продолжи надбискупот.
„Ова треба да го води нашието делување и политики со цел да се постигне поодржливо, праведно и мирољубиво општество“, заклучи надбискупот Кача.
Ватикан њуз/к.мк