Моштите на свети Леополд и свети Пио во Ватикан

Моштите на двајцата свети исповедници капуцините Леополд Мандиќ и Пио од Пиетрелчина на 5 февруари во свечена процесија беа донесени од римската црква Сан Салваторе во базиликата Свети Петар каде што ќе бидат изложени за почитување од верниците до 11 феввруари.

Моштите на двајцата свети исповедници капуцините Леополд Мандиќ и Пио од Пиетрелчина на 5 февруари во свечена процесија беа донесени од римската црква Сан Салваторе во базиликата Свети Петар каде што ќе бидат изложени за почитување од верниците до 11 феввруари. Телата на двајцата големи светци пристигнаа во Рим по желба на папата Фрањо за Јубилејот на милосрдието, како поттик за обнова на праксата на светата Тајна Помирување.

По светата Литургија од блиската црква Сан Салваторе која ја предводеше надбискупот Мишел Касторо, моштите на светците во процесија со мноштво верници се пренесени преку римските улици и преку реката Тибар на плоштадот Свети Петар, каде што ги пречека кардинал Анџело Комастри. По кратката молитва ги испрати моштите во базиликата Свети Петар каде што се изложени во централниот кораб. Телата на двајцата светци ќе останат во ватиканската базилика до 11 февруари, каде што по утринската света Литургија ќе бидат вратени во светилиштата од каде што дојдоа во Рим.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот