Моштите на Свети Иван Боско пристигнаа во Словачка
Братислава, 17.4.2013 /к.мк/ – По четири години поклонение низ Северна, Централна и Јужна Америка, во Африка, Азија и различни европски држави, моштите на свети Иван Боско пристигнаа во Словачка на 11 април, за да ги посетат епархиите во земјата и да им понудат на верниците можност за да се поклонат. Урната со моштите е направена од железо, алуминиум и стакло и тежи 450 килограми. „Чувствувам дека Дон Боско е меѓу нас. Неговите мошти ќе не потсетат на овој италијански свештеник, неговите дела и неговата најголема желба да помага и да ги воспитува младите, посебно сиромашните и напуштените“, изјави отец Керол Маник, провинциски поглавар на салезијаниците во Словачка. Отец Маник истакна дека мисијата на овој светител не завршила со неговата смрт, туку продолжува и денес во 130 земји во светот. „Се надевам дека овие мошти ќе бидат извор за духовна обнова за целото салезијанско семејство и дека ќе им го покажат на младите патот на животот“. Отец Маник ги повика верниците да размислат за нивната лична вера, поттикнати од примерот на дон Иван Боско. Моштите ќе посетат 19 градови за време поклонението во Словачка, а на 30 април ќе бидат предадени на салезијанците од Словенија.