Монс. Сорондо: Папата ја заврши енцикликата за екологија
Папата Фрањо рече дека ја завршил енцикликата за екологија, во моментов се вршат преводите и веројатно кон крајот на месец мај или почетокот на јуни ќе биде конечнo подготвена”.
Ова го изјави пред микрофонот на Радио Ватикан канцеларот на Папската академија на наука монс. Марсело Санчез Сорондо во контекст на меѓународната конференција за животна средина и религија, кој се одржа на 28 април во ватиканската академија на науките.
„Средбата во Ватикан имаше за цел да ја потпомогне енцикликата, обезбедувајќи дополнителни научни аргументи, кои не можат да најдат место во неа, поради нејзиниот пасторален карактер“, објасни монс. Сорондо. “Енцикликата има два главните аспекти: едниот е библиски, според кој човекот е чувар, во смисла дека треба да го развие созданието на одржлив начин, како што се вели денес. Тоа го истакна пред сè папата Павле VI во енцикликата„Populorum Progressio“. Тоа значи социјална вклученост и земјоделство, кое ги исполнува реалните потреби за исхраната на населението, како и уште други нешта. Втората точка е состојбата на Земјата, која е опишана главно од природните и општествените науки. Сметам дека енцикликата ќе влијае токму на овие два аспекта “. На крајот канцеларот на Папската академија на науките истакна: „Верата и наука одат рака под рака”.
РВ/го*ко