Папата Фрањо го именува монс. Пјербатиста Пицабала ОФМ, досегашен Апостолски администратор ‘sede vacante’ на Латинскиот ерусалимски патријархат, за нов патријарх.
Монс. Пицабала е роден на 21 април 1965 година во местото Колоњо ал Серио, во бискупијата Бергамо, Италија. Во 1976 пристапува во семинаријата на фрањевската провинција Христос Цар во Болоња, каде во 1989 година после новицијатот во манастирот Ла Верна ги дава вечните завети. На Папскиот универзитет Анотнијанум дипломира теологија. За свештеник е ракоположен во септември 1990 година во катедралата во Болоња од страна од кардинал Џакомо Бифи.
Веќе во октомври истата година оди во Кустодијата на Светата Земја, завршува специјализација на Фрањевските библиски студии (Studium Biblicum Franciscanum) во Ерусалим и станува професор по библиски еврејски јазик на Фрањевскиот факултет за библиски и археолошки науки во тој град. Службата во Кустодијата на Светата Земја ја започнува во 1999 година. Избран е за гвардијан на манастирот Свети Симон и Ана во Ерусалим, а затоа што е активен и во пасторалот со католичките верници кои говорат еврејски од 2005 до 2008 година е и патријаршиски викар.
Генералниот дефинториј на Редот на малите браќа го избира во 2004 година за кустос на Светата Земја и гвардијан на манастирот на Сион. На таа должност останува до април 2016 година. Во јуни истата година папата Фрање го именува за Апостолски администратор ‘sede vacante’ на Латинскиот ерусалимски патријархат, а во септември во Бергамо кардинал Леонардо Сандри го хиротониса за епископ.
Ватикан њуз/к.мк