Во сабата 14 април 2018 година во Скопје се одржа молитвено дружење на свештениците од Апостолскиот егзархат во Македонија и нивните сопруги. За време на целата средба беше присутен и Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, кој ја поттикна организацијата на оваа средба.
Покрај времето поминато во заедништво учесниците на оваа средба ја посетија Катедралната црква „Пресвето Срце Исусово“, светилиштето на „Мајка Тереза“ кое се наоѓа во Спомен куќата „Мајка Тереза“, црквата „Свети Спас“ под Кале, Соборниот храм „Свети Климент Охридски“, црквата „Свети Пантелејмон“ во Горно Нерези, и насекаде се молеше десетка од Светата Бројаница. Последната десетка ја измолија во капелата „Свети Кирил и Методиј“ во бискупската резиденција, по што следуваше заедништво и дружење.
к.мк