Молитвена осмина за единство на христијаните – Втор ден

Молитвена осмина за единство на христијаните – Втор ден

„Цел и смисла на Молитвената осмина за единство на сите христијани, кои припаѓаат на различни цркви е да се молат за единството христијаните во период од осум дена, поттикнати од иста библиска содржина и истите тематски размислувања, во согласност со Исусовата молитва и желбата за единство. На неговите ученици оваа желба ја искажа на многу места во Евангелијата, а особено е нагласено, дури и драматично, на неговата последна вечера“.

Тема: Созревање во внатрешноста

„Бидете во Мене, и Јас ќе бидам во вас“ (Иван 15, 4а)

Читање од посланието на светиот апостол Павле до Ефесјаните3,14-21

Христос да се всели во срцата ваши

14. Затоа ги преклонувам колената свои пред Отецот на нашиот Господ Исус Христос, 15. од Кого се именува секој род на небесата и на земјата, 16. да ви даде, по богатството на Својата слава, сила +да се утврдите преку Неговиот Дух во внатрешниот човек, 17. и преку верата Христос да се всели во срцата ваши, 18. та вкоренети и утврдени во љубовта, да можете да разбирате со свои светии, што е ширина и должина, што е длабочина и височина, 19. и да ја узнаете Христовата љубов, што го надминува секое знаење, за да се исполните со сета полнота Божја. 20. А на Оној, Кој, според силата што во нас дејствува, може да изврши изобилно сè, што бараме или помислиме, 21. Нему нека е слава во Црквата преку Исуса Христа во сите родови и за сите векови. Амин!

Читање од светото Евангелие според Лука 2, 41 – 52

Марија ги пазеше сите тие зборови во срцето свое

41. И секоја година родителите Негови одеа во Ерусалим на празникот Пасха. 42. А кога он беше на дванаесет години, тие пак отидоа по обичајот во Ерусалим; 43. но при враќањето, кога се завршија празничните денови, Младенецот Исус остана во Ерусалим; а Јосиф и мајка Му не го забележаа тоа. 44. Мислејќи дека е Он со друштво, измина еден ден пат и Го побараа меѓу роднините и познатите. 45. Па, како не Го најдоа, се вратија во Ерусалим да Го бараат. 46. По три дни Го најдоа во храмот како седи меѓу учители, ги слуша и ги прашува; 47. сите што Го слушаа, се восхитуваа на Неговиот разум и на Неговите одговори. 48. Кога Го видоа, се зачудија; и мајка Му рече: „Синко, што ни направи така? Ете, татко Ти и јас се измачивме, барајќи Те.” 49. А Он рече: „Што сте Ме барале? Зар не знаете дека Јас треба да бидам во она, кое што е на Мојот Отец?” 50. Но тие не ги разбраа зборовите што им ги кажа Он. 51. И слезе со нив, па дојде во Назарет; и им беше послушен. А мајка Му ги пазеше сите тие зборови во срцето свое. 52. Исус, пак, напредуваше во премудроста и возраста, и во благодатта пред Бога и кај луѓето.

Размислување

Од средбата со Исус се раѓа желба да остане со Него и во Него: започнува времето на созревање.

Исус е вистински, целосен човек, растеше и созреваше исто како и ние. Тој беше вкоренет во традицијата на неговата еврејска вера и живееше едноставен живот. Во времето пред неговото јавно служење, кога ништо невообичаено не се случуваше однадвор, присуството на Отецот беше изворот од кој живеел.

Марија размислувала за начинот на кој Бог дејствувал во нејзиниот живот и во животот на нејзиниот Син. Сето тоа го пазеше во своето срце. Така научила лесно да го прифати Исусовото таинство.

И ние имаме потреба подолго време за созревање, цел живот, за да се продлабочиме во таинството на Христовата љубов, да му дозволиме да живее во нас и ние да останеме во него. Духот прави, а ние тоа не знаеме дури и да го објасниме, дека Христос живее во нас. Ние сме поткрепени во нашата внатрешност ако се молиме на Него, ако го слушаме Неговото Слово, го споделуваме со другите и она што сме го научиле да го претвораме во дела.

„Христос нека слезе во длабочините на нашето битие… Тој ќе се провлече низ подрачјата на духот и срцето, ќе го достигне нашето тело до нашето највнатрешнот битие, така што еден ден и ние ќе ги искусиме длабочините на милоста“. [5]

Молитва

Душе Свети, дозволи Исус Христос да живее во нашите срца и да ни помогне подобро да го разбереме таинството на Неговата љубов. Научи нè како можеме да се молиме, просветлувај нѐ кога го читаме Светото Писмо и дејствувај во нас за да може во нас да созреат плодовите на Твоите дарови. Амин.

к.мк

Молитвена осмина за единство на христијаните – Прв ден

Категорија: Вера, Духовност

За авторот