Молитвена осмина за единство на христијаните

Молитвена осмина за единство на христијаните

Огнот на Божјата љубов го руши ѕидот на разделбите и меѓусебното неразбирање, помага да се премине од конфликт кон заедништво, за да одиме заедно со надеж. Ова е пораката за Молитвената осмина за единство на христијаните, која ќе се одржи од 18 до 25 јануари 2017 на тема: „Љубовта Христова нè гони кон помирување” (сп. 2 Кор. 5, 14-20). Избраната тема се фокусира на 500 годишнината од реформација.

Помошните материјали се подготвени за време на средби во периодот 2014-2015 година во редакцијата на работната група на христијанските цркви во Германија, координирана од Елизабет Дикман. Проектот е дополнет во септември минатата година од меѓународна комисија, назначена од Комисијата „Вера и уред” на Светскиот совет на црквите и од Папскиот совет за промовирање на единство меѓу христијаните.

Во богословскиот и пастирскиот вовед, напишано од локалната германска група, заедно со меѓународната комисија, се вели дека преку Апостолскиот поттик на папата Фрањо „Evangelii gaudium ” доаѓа идејата за овогодинешната тема „Љубвта Христова нè гони”. Со овој стих (5, 14), земен во контекст на целото петтото поглавје на Второто послание до Коринтјаните, германскиот комитет ја формулира темата за Молитвената осмина во 2017″.

Врз истиот библиски пасус веќе се одржаа две други Молитвени осмини за единство на христијаните: во 1987 година, подготвена во Англија со тема „Соединети во Христос, едно ново создание” и во 1997 година, организирана од една група од скандинавските земји со тема: „Ве молиме во името на Христа: помирете се со Бога!”. Со оваа втора тема е поврзана и темата на втората европска екуменска средба одржана во Грац, Австрија, во 1997 година на тема: „Помирувањето – дар од Бога и извор на нов живот”.

Со материјалите за 2017 година, авторите имаа двојна цел: од една страна да се прослави љубовта и благодатта на Бога, а од друга страна да се признае болката од поделбата”, нарекувајќи ги со име грешките и очекувајќи можности за да се направат чекори за помирување”. Изборот е во согласност со одлуката на германските Цркви да се прослави свечено петстотини годишнината од реформацијата, како еден “Christusfest, екуменска служба за Христос”. За прв пат во историјата на оваа важна годишнина е дадено меѓурелигиско значење. На пример, во 1917 година, додека Првата светска војна беснееше, Лутер е портретиран како национален херој. Исто така, тоа е првата прослава, што се одржува во ерата на глобализацијата, драстично одбележана со толку многу еколошки катастрофи и од трагедиите на бегалците. Кој навистина сака да го шири благопријатниот мирис Христов, не може да го затвори своето срце пред мачното страдања на нашите браќа.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот