Молитвена накана на папата Фрањо за јуни 2020: За сите кои се во проблеми заради пандемијата
Молитвената накана на папата Фрањо за месец јуни 2020 година е одбележана со сомилоста и нежноста. Во неа Папата повикува на молитва за сите кои живеат во тешкотии, во Исусовото срце да пронајдат патишта за животот.
Во ова време одбележано со пандемија која и понатаму измачува бројни делови од светот, папата Фрањо во наканата за месец јуни 2020 година повикува на молитва за оние кои страдаат да пронајдат патишта за животите, дозволувајќи да ги допре Срцето Исусово. Каде има жалост, страдање, тешкотии, секогаш е присутно Срцето Исусово. Никој не е сам – истакна Папата. Многу луѓе страдаат заради некои големи тешкотии, кои ги поднесуваат. Можеме да им помогнеме следејќи ги на патот полн со сомилост, кој го преобразува животот на луѓето и ги приближува до Срцето Христово, кое сите нас нè прима во револуцијата на нежноста. Да молиме за оние кои страдаат да пронајдат патишта за животот, дозволувајќи да ги допре Срцето Исусово – рече папата Фрањо.
Почитувањето на Срцето Исусово се раѓа во средниот век. Во XVII. век започнува со побожноста кон Пресветото Срце Исусово, после објавувањето на Марија Маргарета Алакок, која папата Бенедикт XV. на 13 мај 1920 година ја прогласи за света. Во XX. век побожноста кон Срцето Исусово оживува со пораката на света Фаустина Ковалска за Божественото милосрдие. Христовото срце е толку големо што сака сите да нè прими во револуцијата на нежноста – рече Папата Фрањо на 28 јуни 2019 година, сретнувајќи се со претставниците на Светската молитвена мрежа. При тоа додаде дека близината со Господовото Срце го поттикнува нашето срце со љубов да му се приближиме на братот и ни помага да влеземе во таа сомилост кон светот.
Видеото на Папата е важна иницијатива како би се ширеле месечните молитвени накани на Светиот Отец. Развиена е од Папската светска молитвена мрежа, позната како и Апостолат на молитва. Станува збор за Папско дело, чие послание е да ги поттикне католиците на молитва и ангажирање, пред предизвиците со кои се соочува човештвото и во однос на посланието на Црквата. Тие предизвици се прикажани во облик на молитвени накани кои Папата ги препорачува на целата Црква.
Папската молитвена мрежа е присутна во 98 земји, а ја сочинуваат повеќе од 35 милиони католици
Ватикан њуз/к.мк