Во центарот на молитвената накана на папата Фрањо за месец февруари 2021 година е насилството извршено врз жените и повика општеството да ги заштити и сите да ги слушнат и сериозно да ги сфатат нивните страдања
Различните форми на злоупотреба од кои страдаат многу жени се кукавички и понижувачки за целото човештво – рече Папата во видео пораката објавена на 1 февруари во Ватикан.
На снимката се гледа како жена се наоѓа во темен тунел и со рацете граба, вреска, но потоа некој подава рака и успева да се ослободи, а на крајот од тунелот се појавува светло.
Сведоштвата на жртвите кои се осмелија да зборуваат е крик кој не смееме да го игнорираме. Не смееме да го свртиме погледот – рече Папата.
Да се помолиме за жените, жртви на насилство, општеството да ги заштити и сите да ги слушнат и сериозно да ги сфатат нивните страдања – повика Папата. И денес има жени кои страдаат од насилство – психичко, вербално, физичко, сексуално насилство. Забележлив е големиот број жени кои се претепани, навредувани, повредени – предупреди Папата и рече дека тоа е кукавичко и понижувачко за мажите и за целото човештво.
Ватикан њуз/к.мк