Папа Фрањо ги повикува верниците и сите луѓе со добра волја да се заземат за отсргнување на поделбите во разделениот свет. Тоа е молитвената накана за месец јануари која Папата ја упати преку Светската молитвена мрежа
Во несложниот и разделен свет сакам да повикам на помирување и братство меѓу сите верници, како и меѓу сите луѓе со добра волја. Нашата вера нас нѐ поттикнува да ги шириме вредностите мир, соживот, општо добро. Затоа молиме христијаните, припадниците на другите религии и луѓето со добра волја заедно да ги промовираат мирот и праведноста во светот. Благодарам! – е молитвената накана на папа Фрањо за месец јануари кој ја објави во видеопорака испратена преку Папската светска молитвена мрежа.
Да повикаме, да споделиме и да промовираме, се трите желби кои папа Фрања ги опфати во една молитва и тоа за постигнување мир и праведност во светот измачен од конфликти и неразбирања. Меѓутоа, секоја молитва – како што вели Папата – треба да биде пропратена со завземање на секој поединец.
Придонес од секоја личност
Доволно е да се вратиме во мислите во неодамнешното минато за да ја сфатиме големата важност која Папата ја дава на вклучувањето на секоја поединечна личност во процесот на помирување, праведност и мир меѓу луѓето и меѓу народите. Во Токио, имено, на 25 ноември 2019 година, пред претставниците на властите и пред Дипломатскиот кор, папа Фрањо кажа дека историјата нас нѐ учи како за секој конфликт помеѓу народите и нациите, па и оние најтешките, вредно решение може да се најде само преку дијалог, единствено оружје достојно за човечкото битие и способно да го зајакне трајниот мир.
Братство наспроти братоубиство
За разбирање на вредноста мир, Папата ја истакнува неговата спротивност. Тоа го направи во 63. порака за мир, потсетувајќи нѐ дека всушност мирот е драгоцено добро, предмет на нашата надеж, кон која тежи целото човештво. Страшните искушенија на граѓанските и меѓунардоните конфликти, кои често го отежнуваат насилството без ни малку милост, долготрајно ги обележуваат телото и душата на човечкиот род. Секоја војна, всушност, го отсликува братоубиството кое го уништува и самиот наум за братство, впишан во повикот на човечкото семејство – истакнува папа Фрањо.
Папската светска молитвена мрежа
Папската светска молитвена мрежа, позната и под името Апостолат на молитва, ја востанови Исусовецот патер Франсоа – Хавиер Готрелет во Франција, на 3 декември 1844 година. Минатата година оваа институција наполни 175 години од основањето и 10 години од повторното воспоставување кое во 2014 година го одобри папа Фрањо. На почетокот на 20. век Апостолатот имал повеќе од 13 милиони членови, а сега се 35 милиони, а се наоѓаат на сите краеви на земјата.
Ватикан њуз/к.мк