Во видеопорака објавена во четврток 8 октомври 2020 година, папата Фрањо овој месец повикува на молитва за поголема присутност на жените во Црквата.
Никој не е крстен како свештеник или епископ. Сите ние сме крстени како лаици. Лаиците се протагонисти на Католичката црква – порача Папата.
Денес посебно е потребно да се создаде поширока можност за попродорна присутност на жените во Црквата. И морам да ја нагласам женската лаичка присутност, затоа што обично жените се оставени настрана – истакнува Светиот Отец, предупредувајќи за опасноста да не се падне во клерикализам, кој пак ја уништува лаичката харизма.
Ватикан њуз/к.мк