Молитвена накана на епископот Стојанов за февруари 2025 година

Молитвена накана на епископот Стојанов за февруари 2025 година

Молитвената накана на епископот Стојанов за февруари 2025 година е посветена ходочесниците во јубилејната година

Бог ги повика Авраам, Мојсеј, Избраниот народ на пат, на ходочестие, на кое го искусија Божјото присуство. Црквата исто така е ходочесничка. Но и ние како членови на Црквата сме ходочесници кон нашата вечна татковина. Во оваа Јубилејна година посебно сме повикани да го искусиме неговото присуство на нашето ходочестие и да им ја пренесеме на другите надежта која не разочарува.

За време на Јубилејот многу верници ќе се упатат на ходочестија, Затоа да го молиме Господ да ги чува на нивниот пат, а по застапништво на Пресвета Богородица и сите светци, нека ги води ходочесниците до целта и да се вратат во нивните домови со обновени и преобратени срца.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот