Светиот Отец молитвената накана за месец август ја посвети на уметниците и создавањето.
Уметноста ја изразува убавината на верата и ја навестува пораката на величенственоста на Божјото создавање – вели папата Фрањо во пригодната видео порака и продолжува – затоа, кога се восхитуваме на уметничко дело или чудо на природата, откриваме дека сѐ ни зборува за Него и Неговата љубов. Да се молиме за уметниците на нашето време со својата кретивност да им помогнат на сите да ја откриваат убавината на создавање – ја заврши својата порака Папата.
РВ/к.мк