Во пораката за Великиот пост 2018 година Светиот Отец повика на молитвената иницијатива „24 часа за Господ“.
Во неа тој вели: … Иницијативата „24 часа за Господ“, ја повикува целата црковна заедница да ја слави светата Тајна помирување во склоп на евхаристиско обожавање. Оваа година ќе се одржи во петок 9. и сабота 10. март, надахнати со зборовите од Псламот 129, 4: „Но во Тебе има простување.“
Во секоја бискупија барем една Црква ќе остане отворена 24 часа без престан, давајќи им на верниците можност за евхаристиско обожавање и за света Тајна исповед – стои во пораката на Светиот Отец.
Вклучувајќи се во оваа молитвена иницијатива на Светиот Отец, во Апостолскиот егзархат во Македонија 24 часа ќе биде отворена за молитва и Исповед Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ – Струмица и тоа од:
Петок, 9 март 2018 година од 12.00 часот
до
Сабота, 10 март 2018 година до 12.00 часот
Покрај тоа и сите останати Цркви во Апостослкиот егзархат во Македонија, ќе бидат отворени за обожавање на Светата Причест, молитва и исповед и тоа:
Петок, 9 март 2018 година од 12.00-16.00 часот
и
Сабота, 10 март од 8.00 –12.00 часот
к.мк