Молитва на папата Фрањо на празникот Света Моника

Молитва на папата Фрањо на празникот Света Моника

Папата Фрањо во вторник попладне, 27 август 2024 година, го напушти Ватикан за да ја посети црквата Свети Августин во Рим, каде се чуваат посмртните останки на мајката на светиот епископ Хипонски.

Папата Фрањо го посети центарот на Рим за да се помоли на гробот на мајката на свети Августин, голема светица на Црквата, која со векови се почитува како светица и чијшто спомен ден се слави на 27 август. Светиот Отец појде во црквата Свети Августин во Рим, и се задржа во молитва во капелата каде што се чуваат нејзините посмртни останки – соопшти на Телеграм Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Поздрав до Августинската заедница

Папата уште еднаш застана – се вели во објавата на Телеграма – пред иконата Пресвета Богородица на ходочесниците, а излегувајќи од црквата ги поздрави присутните браќа, монахињи и ходочесници и се врати во Ватикан.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот