Молитва на Папата за Украина: Прости ни, Господи

Молитва на Папата за Украина: Прости ни, Господи

Светиот Отец упати посебна молитва барајќи од Господ да ни прости за војната, особено за војната во Украина.

Завршувајќи ја Генералната аудиенција, во среда 16 март 2022 година, Папата заедно со присутните во салата на Павле VI. и онлајн вклучените измоли посебна молитва за крајот на војната во Украина.

Молитвата ја состави надбискупот од Неапол монс. Доменико Батаља. Светиот Отец го молеше Бога да му прости на целото човештво за суровоста на војната, која, како што рече, ги претвори нашите раце – создадени за нега и грижа за земјата – во орудие на смртта.

Пред да ја измоли молитвата, папата Фрањо ги повика христијаните да се молат на Господ за прошка и да подари мир среде болката од војната во Украина.

Прости ни за војната, Господи.

„Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нѐнас грешните!

Господи Исусе, роден под бомбите на Киев, помилуј нè!

Господи Исусе, кој умре во прегратките на мајка си во засолниште во Харков, помилуј не!

Господи Исусе, како дваесетгодишник испратен на фронтот, помилуј нè!

Господи Исусе, кој сè уште гледа вооружени раце во сенката на Твојот крст, помилуј нè!

Прости ни, Господи,

прости ни што, незадоволни од клинците со кои ти ја прободевме раката,

продолжуваме да ја пиеме крвта на мртвите чии тела се разнесени со експлозивни направи.

Простете ни што овие раце, кои ги создаде да бидат раце на чувари, се претворија во орудие на смртта.

Прости ни, Господи, што продолживме да го убиваме нашиот брат,

прости ни што продолживме како Каин да грабаме камења од нашата нива за да го убиеме Авел.

Прости ни што се обидуваме да ја оправдаме суровоста, која со своите болки ја легитимираме бруталноста на нашите дела

Прости ни за војната, Господи. Прости ни за војната, Господи.

Господи Исусе Христе, Сине Божји, понизно те молиме! Запри ја раката на Каин!

Просветли ја нашата совест, нека не е според нашата волја, не оставај нè на нашите постапки!

А кога ќе ја запреш раката на Каин, погрижи се и за него. Тој е наш брат.

О, Господи, запри го насилството!

Запри нѐ нас, Господи!

Амин.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот