Молитва за мир во ДР Конго, Јужен Судан и целиот свет

Молитва за мир во ДР Конго, Јужен Судан и целиот свет

По завршувањето на светата Литургија во парохиската црква „Свети Иван Крстител“ во Струмица на 23 февруари 2018 година се молеше Крстен пат за мир во ДР Конго, Јужен Судан и целиот свет.

На 14. постојки од Крстниот пат беа додадени размислувања и молитви за ужасите и жртвите од војните, за отфрлањето на насилството, почитувањето на човечкото достоинство, за упорноста во пронаоѓањето на мирни решенија и промовирање на мирот и дијалогот, како и за денешните „Симон Киренеец, Вероника, Јосиф Ариматејски и Никодим“ кои ги ублажуваат страдањата од војните преку хуманитарната помош, почитувајќи го нивното достоинство.

На пост и молитва за мир во ДР Конго, Јужен Судан и целиот свет повика папата Фрањо за време на молитвата Ангел Господов во недела 4 февруари 2018 година, а по препорака на бискупот Стојанов оваа иницијатива за пост и молитва се спроведе и во католичките цркви во Македонија.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот