Модерните форми на ропство се срам и соблазна

Модерните форми на ропство се срам и соблазна

Ги поздравувам членовите на групата Света Марта, на крајот од вашата конференција која оваа година е посветена на светското прашање за трговијата со луѓе и на денешните облици на ропство – рече папата Фрањо обраќајќи се до спомнатата група, во Ватикан, на 9 февруари 2018 година.

Како водечка сила во чувањето на редот, истражувањето, јавните политики и пасторалната грижа, давате важен придонес за решавањето на причините и последиците на тие денешни неволји кои и понатаму предизвикуваат неискажливо човечко стрдање.

Се надевам дека вашите размислувања и размената на искуства овие денови доведоа до поголема јасност на светските и локалните прашања за трговијата со луѓе – рече Папата и додаде: Искуството покажува дека таквите модерни облици на ропство се далеку пораспространети отколку што може да се замисли, за наш срам и соблазна, дури и во нашите најразвиени општества.

Божјиот крик до Каин кој се наоѓа на првите страници во Библијата: „Каде е брат ти?“ – рече Светиот Отец – нè повикува и нас сериозно да ги испитаме различните облици на учество со кои општеството, посебно што се однесува до трговијата со луѓе за сексуална корист, ги толерира и поттикнува искористување на мажи, жени, деца и оние најранливите. Потфатите кои се насочени за сузбивањето на трговијата со луѓе, имајќи конкретна цел за уништување на криминалните мрежи, мора повеќе да ги земат во предвид пошироките подрачја кои се поврзани со нив, како одговорното користење на технолигијата и средствата за комуникација, а да не го спомнуваме со тоа поврзаното етичкото проучување на примерот за економски раст кој дава предноста на заработката над луѓето – истакна Папата.

Уверен сум дека вашите разговори, кои ги водевте овие денови, исто така ќе помогнат во подигнувањето на свеста за се поголемата потреба да им се помогне на жртвите на тие злосторства, придружуајќи ги на патот на повторното вклучување во општеството и враќањето на нивното човечко достоинство – рече папата Фрањо и додаде: Црквата е благодарна за секој напор кој ја донел утехата на божественото милосрдие на оние кои страдаат, затоа што тоа е исто така важен чекор кон оздравувањето и обновата на општеството во целина.

Драги пријатели, со благодарност за вашата ангажираност и соработката на тоа важно поле, ви упатувам искрени честитки придружувајќи ве со молитва за продолжување на вашата работа – рече Папата и на крајот заклучи: На вас и на вашите семејства, и на сите оние на кои им служите, повикувам благослов од Господ кој дава мудрост, сила и мир. И ве молам, не заборавајте да се молете за мене.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот