Пандемијата која ја предизвика коронавирусот во многу парохиски заедници донесе разни потешкотии, но исто така пробуди инвентивност кај многу свештеници.
Свештеникот Кристофер Хину никогаш не се занимавал со велосипедизам, ниту пак возел велосипед на голема одалеченост, но бил целосно одлучен да помогне на својата парохија.
Пандемијата со коронавирусот на многу парохиски заедници им донесе разни потешкотии, но исто така ја пробуди инвентивноста кај многу свештеници.
Таков е случајот и со отец Кристофер Хину кој делува во парохијата Детето Исус во Ричмон Хил во Њујорк. Тој има 32 години и за свештеник е ракоположен во 2015 година. Не се смета за спортист, но се осудил на подвиг за кој многумина велат дека е опасен.
Утрото на 27 јули отец Кристофер денот го започнал со служење на света Литургија во пет часот и потоа се впуштил во возење велосипед на патека од 100 милји или 161 километар кој ја нарекол „100 милји за надеж.“ На тоа се одлучил за да собере материјални средства за програмата која им помага на оние во потреба во неговата парохија. Но, како што тој кажува втората голема причина која го поттикнала на тоа е што меѓу парохјаните сака да внесе надеж и оптимизам.
На тој негов пат кој за него било најдолгото возење со велосипед во животот го придружувале двајца парохјани Пол Черни и Том Чијафоло. Денот бил топол. Тројцата велосепедисти на пат тргнале во 5.45 и стигнале до дестинацијата во црквата Света Тројца во Источен Хамптон околу 16.00 часот после речиси осум часа возење
Свештеникот кажал дека тоа било „извонредно исксутво“ во текот на кое го охрабрувале зборовите на свети Павле: Сѐ можам со оној кој ме зајакнува, пренесе порталот Алетеија. Па, една од целите на тоа долго и заморно патување било собирање на средства за оние во потреба во парохијата. Но, отец Кристофер подготвувајќи се за тоа возење отворил и интернет страница поврзана со GoFundMe, платформа за собирање средства и поставил цел за собирање на 1000 долари.
Бидејќи тоа брзо се постигнало целта ја подигнал на 5.000, добиените пари за оние во потреба расте и наскоро биле собрани 10.000 долари. Парохијата својата иницијатива ја споделила и на фејбук и успеале да добијат повеќе од 20.000 долари.
Тоа е сигурно добра жетва и добар поттик за останатите свештеници да смислат некои креативни начини за да ги подржат своите парохјани и да ги вклучат во развојот на парохијата.
Со оглед на топлината и одалеченоста на неговото најдолго возење со велосипед за отец Хину тоа било вистински предизвик. Меѓутоа тој тоа време го искористил за да се моли. Се молел за момчето кое го загубил својот татко заради коронавирусот, за парот кој не можел да има деца, за жената која го загубила детето зради компликации во бременоста и за други.
Со овој подвид младиот свештеник отец Кристофер постигнал многу отколку што очекувал, а пред сѐ надежта дека и другите ќе го следат неговиот пример. Се надева дека сето тоа ќе помогне на неговата парохиска заедница и на сите оние кои неговата приказна ги допрела.
Лаудато/к.мк