Млади од Македонија присуствуваа на Летен камп за млади во Италија

Млади од Македонија присуствуваа на Летен камп за млади во Италија

Од 19 до 26 јули 2017 година млади од Македонија, по четврти пат присуствуваа на 8. Летен камп за млади во Леко – Италија, под мотото „Сакај ја различноста, плаши се од рамнодушноста.”

Оваа година на кампот присуствуваа млади од Македонија, Италија, Бразил, Египет, Израел, Јапонија, Уганда и Полска. Македонија ја претставуваа Даниел Георгиевски, Марио Цветковски и Матеј Милутин од Скопје, Стефан Палифров и Љубе Јовевски од Струмица и Јосипа Марија Зимек од Велес, предводени од Виолета Брзова Ханџиска.

Младите на овој камп иако беа од различни краишта и различна вероисповед (католици, муслимани и евреи) во нивните активности, дружења и работилници беа сплотени како едно. Активностите имаа за цел да се поттикнат младите да размислуваат за своето минато, сегашност и иднина на еден подлабок начин и преку креативни игри, драма и разговор да пронајдат заедничко решение за најчестите проблеми кои ги имаат младите денес: осуда, неприфаќање, отфрлање…

Радоста и поддршката кои сите млади ја пружаа еден на друг за време на нивниот престој таму беше толку искрена и од срце дадена, особено кога сите на свој начин го славеа Господ. Во понеделникот, на 24 јули имаа еднодневен излет во Торино каде што го посетија Музејот на киното, потоа имаа ручек во природа и кратка прошетка.

На последниот беа презентирани кратките драми подготвени од петте групи, кои прикажаа дека со прифаќање на различноста, поддршката и заедништвото, светот го правиме да биде поубав, а сето тоа почнува од нас самите. На крајот ја погледнаа презентацијата на која преку слики беа прикажани сите активности на младите од овогодинешниот камп.

Млади се вратија во своите родни места збогатени со едно ново искуство, но и можност стекнатото искуство да се пренесе на младите во своите места.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот