Младите сакаат пастири кои се доследни на она што го проповедуваат

Младите сакаат пастири кои се доследни на она што го проповедуваат

На IX општа конгрегација одржана на 11 октомври 2018 година претпладне 256 синодски оци меѓу останатото размислуваа за светата Тајна Помирување, за соочувањето на Црквата со секуларизацијата, сексуалната злоупотреба, обновата на пасторалот за звања.

Со јасна и недвосмислена настава треба да се обесхрабрат и одбијат промоторите на илегалната миграција – е една од задачите на Црквата која е истакната на Епископската синода за млади. Пред стотиците млади чии соништа, можности и способности исчезнуваат во Медитеранот, синодските оци повторно истакнаа дека Црквата треба да ги поттикнува индустријализираните земји да вложуваат во оние сиромашните, посебно што се однесува до технологијата и т.н. „know-how“, односно знаење и искуство, за сите млади да можат да придонесат за развојот на својата земја и да не бидат принудени да мигрираат.

Важен испитот на совеста

На синодата меѓу останатото се размислуваше за светата Тајна Помирување, и е истакнато дека прошката треба да ослободи било какво оптеретување. За тоа е важен испитот на совеста, важен во евангелизацијата и воспитувањето на младите за јасна идеја за тоа што е грев и што е вишок, за да им се помогне да ги препознаат знаците на Божјото присуство во нивниот живот.

Младите не се повикани секогаш да останат млади, туку треба да созреат и да се ангажираат за да придонесат во градењето на Црквата – истакнаа синодските оци. На крајот не е важно дали некој е свештеник, вработен, родител или самец; да се одговори на Божјиот повик значи да се следи повикот и да се биде свет во секоја животна одлука. Затоа благодарение на живите сведоштва, пасторалот за звања треба повторно да се осмисли и зајакне на сите подрачја, за секој млад човек да го сфати својот повик во животот.

Да се воспитуваат младите за слобода

Синоските оци исто така ја истакнаа внатрешната слобода која спречува другите да манипулираат со младите, мноштвото да ги повлече. Имено слободни сме ако во исправна совест го наследуваме Исуса и Неговите заповеди. Но, да се воспитуваат младите за слободата претпоставува барање на вистината, затоа што младите ја бараат веродостојноста на своите воспитувачи, сакаат пастири кои се доследни на она што го проповедуваат, пастири кои знаат да го живеат Словото и да се ангажираат околу сиромашните.

Отворено срце и конкретно интересирање

Затоа Црквата исправно ќе ги придружува младите слушајќи ги со отворено срце и со конкретно интересирање, охрабрувајќи ги и давајќи им надеж и грижејќи се за човекот во сите периоди од неговиот развој. Во однос на омразата, насилството, корупцијата, неправдата и војните толку раширени во светот, младите се чувствуваат поделени, а тоа им штети на нивното самопочитување и довербата. Заради тоа Црквата треба постојано да ги прифаќа и придружува младите, поттикнувајќи ја нивната слобода и одговорноста да преземат трајни обврски.

Затоа е предизвик за Црквата да излезе во пресрет на младите и да им ги понуди идеалите за конкретно живеење на верата. Тоа важи и за изгубените млади кои Црквата треба да ги дочека трпеливо и со надеж, не дозволувајќи во неволјите да се почувствуваат напуштени. Треба да се охрабрат одејќи заедно со нив и помагајќи им да се остварат ослободувајќи ја нивната слобода, не наметнувајќи одредени избори и без манипулација или клерикализам.

Секуларизацијата и нејзините позитивни последици

Една од важните расправи на синодата се однесуваше на соочувањето на Црквата со актуелната реалност, а посебно со секуларизацијата. Синодските оци ги поттикнаа верниците да имаат храброст да ја сметаат за знак на времето која ни помага да се ослободиме од тоа да бидеме христијани по автоматизам или по навика, а води до тоа да бидеме христијани според сопствената одлука, затоа што тоа го сакаме. Освен тоа, световното општество избегнува исто така религијата да се заснова на племенски или национален идентитет, и помага да се обнови важноста на навестувањето на верата.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот