Младите од Струмица изработија 100 крстови

Струмица, 20.6.2013 /к.мк/ – Во недела 16 јуни, во просториите на парохијата Успение на Пресвета Богородица – Струмица се одржа средба на млади на која се изработуваа крстови со логото на Светскиот ден на млади. На средбата се изработени вкупно 100 крстови. Овие крстови младите од парохијата ќе ги носат за време на средбата во Нова Маала во знак на заедништво со младите од целиот свет.

Покрај изработката на крстовите младите од Струмица се дружеа, слушајќи духовни песни, разменуваа меѓу себе мислења и искуства од секојдневниот живот и каков треба да биде животот денес на еден млад современ човек. Идејата за изработка на крстовие беше на о. Ристо Самарџиски.

Категорија: Македонија

За авторот

Write a Comment

<