Младите од Скопје на средба во Дубровник
Во вторник 22 април 2014 во парохијата Пресвето Срце Исусово во Скопје се одржа информативна средба со младите, која беше поврзана со патувањето на средбата со Хрватската католичка младина во Дубровник на 26 и 27 април.
Желбата на младите да учествуваат на средбата на хрватската католичка младина која ќе се одржи под мотото „Повикани на слобода“ се роди на студентските средби, кои се организираат секој четврток во вечерните часови во Пасторалниот ценатр на парохијата, а средбите редовни ги анимира богословото Бошко Чатлак (Редемпторис Матер). Поради тоа во петок 225 април во утринските часови 14 млади предовдени од скопскиот парох дон Давор Топиќ ќе се упатат на Средбата на Хрватската католичка младина во Дубровник. По тој повод дон Давор им рече на младите на оваа средба да појдат со вера дека Бог за секој има подготвено по едно Слово и дека на оваа средба ќе можат да ја доживеат близината на Воскреснатиот Господ.
Младите од Макеоднија ќе бидат сместени во катедралната парохија Голема Богородица во Стариот град. (д.т.)