Младите од Скопската парохија на еднодневна посета на Пелистер

Во понеделникот на 25 мај 2015 година во организација на капеланот дон Јошт Мезег младите од Скопската парохија го посетија Националниот парк Пелистер. Оваа духовно – рекреативна посета имаше за цел да ги оттргне младите од градската врева и секојдневните активности и така блиску до природата на младите да им даде можност за едно посебно духовно искуство како и за заедничка дружба.

По неколку часовното патување до Битола, планинарската авантура на младите започна од селото Нижеполе каде што на групата и се приклучи и битолскиот парох дон Хуан. Искачувањето траеше неколку часа, а за време на одморот се молеше утринска молитва, по која дон Хуан одржа катехеза на тема теологија на телото. По кратката медитација и заедничката молитва младите имаа можност за исповед. По напорното планинарско искуство, младите се одморија на Широк Сокак, по што присуствува на света Миса во Католичка црква „Пресвето Срце Исусово“ во Битола. При оваа посета младите беа гости и кај чесните сестри Усмиленки кои имаат своја куќа во Битола.

к.мк/Е.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот