На иницијатива на групата млади од парохијата „Свети Кирил и Методиј“ од Петралинци на 13 март 2017 година во парохијата започна молитвена акција во која младите заедно со парохот о. Ѓорги Појразов ги посетуваат старите и болни лица од парохијата и со нив молат Крстен пат, разговараат и се дружат.
На крајот од Крстниот пат, младите им искажуваат благодарност на старите луѓе и болните пред сѐ за нивните молитви, за нивната грижа за Црквата, за нивното сведоштво. Покрај зборовите на благодарност, младите подготвија и скромен подарок за нив.
Парохот Појразов истакна дека целта на оваа иницијатива е „младите да внесат радост во секојдневието на старите, а посебно на болните луѓе, покажувајќи им дека се важен дел од заедницата.“
к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк