Што можам конкретно јас да направам за мисиите, е често прашање? За да се одговори ви пренесуваме неколку теми кои говорат за мисиите, значењето на мисиите и начините на кои младите можат да се вклучат во мисиите?
Зошто некои заминуваат и „на крај на светот“?
Добро е да направиш добро! Ова позната поговорка кратко, но сосема точно ја покажува мотивацијата која најчесто ги поттикнува оние кои се одлучуваат како мисионери да појдат во краеви кои се „благодати“ на цивилизацијата најчесто заобиколени со широк лак. Имено се одлучуваат да заминат во Африка, Азија, Пацификот или некои други делови во светот за кои многумина не се ни слушнале, мисионерите и мисионерките знаат дека не се впуштаат во авантура „во последната минута“ на туристичкиот аранжман. Сепак и покрај сите потешкотии на кои се подготвуваат пред да зачекорат на „неистраженото тло“ во главите најчесто им се мислите со кои ја надминуваат гордоста. Имено, знаат дека нивниот повик е посебен. Заминуваат илјадници километри далеку од дома со ширењето на Радосната вест да им помогнат на оние кои многумина ги заборавиле. Токму добродетелството и проповедањето на Евангелието се „во описот на работното место“ на секој мисионер.
Од заминувањето во мисија можно е да се очекува исклучително внатрешно збогатување. Многу мисионери во своите сведоштва признаваат дека многу брзо по пристигнувањето се привикнуваат на живот без телевизија, компјутер, понекогаш и струја, кревет или цврст кров над главата. Се навикнуваат на живот ослободен од за нас нормални работи кои често ги земаме здраво за готово. Но, истовремено признаваат дека станале многу посреќни затоа што луѓето кои ги сретнале и со кои живеат во мисијата им покажуваат дека животот сепак е нешто повеќе. Живот со луѓе кои никогаш не го доживеале „западначкиот напредок“, но го задржале она што на многумина им недостасува – искреноста, едноставноста и љубовта кон животот, па каков и да е – навистина посведочиле за многумина нешто посебно.
Иако фактот дека заминувањето во мисија придонесува за запознавање на нови краеви, култура, обичај и јазик, вистинското збогатување, сепак доаѓа одвнатре. Тоа е мотивацијата која на многумина ги поттикнува да одат и „на крајот на светот.“
Глас концила/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк