Мисиска недела

Со одлуката на Конгрегацијата за обреди од 14 април 1926 година одредено е претпоследната недела во октомври за целата Католичка црква да биде ден за молитва и посебна мисонерска посветеност. Со ова папата Пиј XI за целата Црква го востанови Светскиот мисиски ден односно Мисиската недела. Оваа година се паѓа во недела 19 октомври. На тој ден Црквата во целиот свет моли и собира прилози за потребите на мисиите и на тој начин се покажува меѓусебната солидарнота на верниците од целиот свет. Не треба да се отргне од ум дека Светскиот мисиски ден е наменет за зајакнување за чувствителноста на мисионерското послание на Црквата, но исто така и собирањето помош е важен момент од животот на Црквата, бидејќи нѐ учи како да се дарува.

Не треба да заборавиме дека основна задача на Црквата е да се навестува за тоа дека Исус Христос умре за нас и нашите гревови и на третиот ден воскресна од мртвите заради нашето спасение. Затоа сите сме повикани да бидеме мисионери и да сведочиме за таа Христова љубов на денешниот свет. За да можеме да го исполниме нашето христијанско послание потребно е да го запознаеме и да го сакаме Христос, како што тој нас нѐ засака умирајќи за нас на крстот. Да возвратиме на Христовата љубов со љубов. Тоа е посланието на светата Црква. Да бидеме мисионери на Христовата љубов, токму таму каде што живееме, работиме, учиме…. Светскиот ден на мисиите за нас нека биде ден на вера, молитва и мисионерска работа.

Мисионерската задача е долготрајна, тешка и одговорна. Затоа треба за таа накана и да молиме, секогаш имајќи ги на ум Христовите зборови: „Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот“ (Матеј 28,20). А Неговата помош нема да изостане.

к.мк/го*ко

За авторот