Миса задужница за кардинал Маркизано

Полни 62 години свештенство, 58 години во служба на Светиот Престол, секогаш „методичен и тивок“, тоа се некои од карактеристиките на кардинал Франческо Маркизано, потсети кардинал Анџело Содано кој ја предводеше Мисата задушница на 30 јули во ватиканската базилика Свети Петар.

Кардинал Содано потсети на долгогодишната служба на кардинал Маркизано при Светиот Престол, која ја започна со папата Пио XII, а заврши како архипрезвитер на базиликата Свети Петар и Генерален викар за време на папата Иван Павле II, кој во 2003 година го именува за кардинал.

Погребните обреди ги заврши папата Фрањо, кој дојде во базиликата и ги предводеше обредите комендација и валедикција.

Кардинал Маркизани почина во Рим пред три дена на возраст од 85 години.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот