Мирот и радоста се знак за Божјата присутност во Црквата

Мирот и радоста се знак за Божјата присутност во Црквата е мирот и радоста, а не организираноста и совршената програма – рече Папата Фрањо на светата Литургија на 30 септември во капелата на домот Света Марта, коментирајќи ги читањата од денешната Литургија.

Учениците биле воодушевени, подготвувале програми, планови за идната организација на Црквата која се раѓала, се расправале за тоа кој е поголем, и ги спречувале тие кои не припаѓале на нивната група во името да Исус да прават добро. Но Исус ги изненади – објасни Папата – префрлајќи ја темата на разговор ставајќи ги децата во центар на разговорот. „Навистина, кој е најмал меѓу сите вас, тој е најголем!“ – вели Исус. Така во книгата на пророк Захарија се зборува за знаците на Божјата присутност: не некоја убава организација, ниту власт која оди напред, сѐ чисто и совршено, туку старци кои седат на плоштадите и деца кои си играт.

Постои опасност од исклучување на старите луѓе и децата. А остра е Исусовата опомена за оние кои ги соблазнуват најмалите. Иднината на еден народ е всушност во тоа, во старите луѓе и во децата. Народот кој не се грижи за своите стари и за своите деца, нема иднина, бидејќи нема да има ниту сеќавање ниту ветување! Старите луѓе и децата се иднината на народот! – повтори Папата. А колку е вообичаено да ги ставиме на страна, зар не? –праша и додаде – Децата се смируваат со бонбони или со некоја играчка, а на старите не им се дозволува да зборуваат, не се прифаќаат нивните совети со зборовите: „Старите се сиромашни…“ – забележа Светиот Отец.

Учениците не сфаќале – напомена Папата и додаде – Сакале ефективност, сакале Црквата да оди напред без проблеми, а тоа за Црквата може да стане искушение: Црква на функционализам! Добро организирана Црква! Се е на место, но без сеќавање и без ветувања! Таквата Црква нема да биде добра: ќе биде Црква за борба за моќ, ќе биде Црква на љубомора меѓу крстените, и многу други работи кои постојат кога нема сеќавање, ниту ветувања – забележи Светиот Отец.

Животворноста на Црквата не и ја дават документите и состаноците со кои работите добро би се испланирале. Тоа се неопходни работи, но не се знак на Божјата присутност – истакна Папата и објасни – Знак на Божјата присутност е ова, вака вели Господ: „Старци и старички пак ќе седат по плоштадите ерусалимски, секој со стап во рацете заради преголемата старост. А градските плоштади ќе се исполнат со момчиња и девојчиња кои ќе си играт на неговите плоштади“. Играта нѐ наведува да мислиме на радост; тоа е Божјата радост. А тие старци кои мирно седат со стап во рацете, нѐ поттикнуваат да мислиме на мир. Мир и радост: тоа е атмосферата на Црквата! Истакна на крајот Папата Фрањо.

Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот