Драги пријатели!
Сите сме свесни за крајно загрижувачката политичката ситуација во целиот свет. Веќе подолго време не се работи само за национални конфликти. Голем број региони во светот станаа како буре барут што може моментално да ја запали искрата на воените конфликти. Што сме во состојба да направиме ние христијаните, иако немаме одговорна политичка позиција. Црковниот учител свети Иван Златоуст би ни порачал: „Човекот кој моли го држи кормилото на историјата во своите раце!“
Заради тоа, како и во претходните години, Меѓународното католичко дело со Папско право Црквата во потреба уште еднаш ги поканува сите родители, учители, воспитувачи од целиот свет да се приклучат на молитвената инцијатива „Милион деца молат заедно Бројаница“ на 18 октомври 2018 година во 9 часот (или во друго соодветно време) и да молат со децата Бројаница за единство и мир во светот. На многу места во тоа време се прекинува наставата за половина час. Во 2005 година во Венецуела неколку возрасни ја започнуваат молитвената акција, верувајќи на зборовите на свети Падре Пио: „Кога милион деца ќе молат Бројаница заедно светот ќе се промени.“ На тој начин нема само еден милион деца, туку многу милиони деца во целиот свет во еден ден во месецот на Бројаницата, октомври ќе бидат обединети и барем малку Небото ќе го спуштат на земјата. Господ Исус Христос рекол: „Оставете ги децата да доаѓаат кај Мене, и не пречете им, зашто на такви е Царството Божјо!“ (Mатеј 19, 14)
Искуството често ја покажува силата и делотворноста на детската искрена молитва. Еден таков пример ви донесуваме во „Писмото за децата“ се работи за чудо случено на 14 април 1886 година во Јафа во Светата Земја, преку заговорот на света Марија Алфонсина Гата. Таа со децата молела Бројаница и го спасила животот на дванаесетгодишното девојче Нусеира Хабиб која паднала во длабок бунар и изгледало дека е загубена. По чудесното спасување на девојчето целото нејзино семејство ја прифатило католичката вера, а Нусеира цел живот ја сведочела силата на молитвата Бројаница. Тоа што ниту една човечка сила и помош не успеале да направат, Бог направил благодарение на молитвата Бројаница на децата и на нивната учителка света Марија Алфонсина.
Зошто и ние денес да не ја примениме верата на сестра Алфонсина да ги зацврстеме и поттикнеме децата на молитва за мир во светот?
Нека Мајка Божја ни ја дарува својата сила и полет за да учествуваме во оваа молитвена иницијатива, која ќе донесе плодови на мирот и единството.
Мауро Кард. Пијаченца, Претседател
патер Мартин М. Барта, духовен асистент
к.мк