Папата Фрањо и Католикос Карекин II: Нека победи мирот, а не фундаментализмот

Почитувањето на верските разлики е неопходен услов за мирен соживот – напишале во заедничката декларација папата Фрањо и католикос Карекин II, кои, откако му се заблагодарија на Господа за ‘динамичната  реалност’ на христијанската вера во Ерменија, се задржаа на драматичноста околу прогонствата и насилствата поттикнати од фундаментализмот.

Во нивната заедничка декларација папата Фрањо и католикос Карекин II ја спомнуваат неизмерната трагедија на Блискиот Исток и во другите делови од светот за „безброј убиените невини луѓе, депортирани или присилени на болно и несигурно прогонство“ и тоа поради „постојаните конфликти врз етничка, политичка и религиозна основа“.

Екуменизам на крвта

Етничките и религиозните малцинства – стои во текстот – станале цел на „прогонствата“. „Мачениците – се нагласува во декларацијата – припаѓаат на сите Цркви
и нивното страдање прави еден ‘екуменизам на крвта’ кој ги надминува историските поделби меѓу христијаните“, повикувајќи ги сите да го промовираат „видливото единство на Христовите ученици“.

Потоа следеше силен апел, упатен од лидерите на нациите, „да ги слушнат потребите на милионите луѓе“, кои со нетрпение ги очекуваат мирот и правдата во еден свет каде што за жал – забележуваат Папата и Католикосот – сме сведоци „на едно претставување на религијата и на религиозните вредности на еден фундаменталистички начин.

Неприфатлив е фундаментализмот кој ја оправдува омразата

Фундаментализмот – исто така е напишано во заедничката декларација – се користи „за да се оправда ширењето на омразата, на дискриминацијата и на насилството“. Но оправдувањето за такви криминали врз основа на верски идеи е неприфатливо, бидејќи „Бог не е Бог на нередот, туку на мирот“.

Мир во Нагорно Карабах

Христијаните – стои во документот – повикани се „да ги развијат начините за помирување и за мир“. Надежта изразена од страна на Папата и Католикосот е за да се дојде исто така и „до едно мирно решавање околу прашањето во врска со Нагорно Карабах, територија оспорена од Азербејџан и Ерменија.

РВ/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот