Претставниците на монотеистичките религии на 28 октомври 2019 година потпишаа заедничка изјава во Ватикан против евтаназијата и потпомогнатото самоубиство, како и промовирање на полативната нега за сите.
Христијаните, евреите и муслимание во документот истакнуваат дека грижата за оние кои умираат, кога лекувањето повеќе не е можно, во склоп со безусловната грижа за божествениот дар на живот и воедно е знак на човечката и етичката одговорност кон оние кои страдаат пред умирањето. Евтаназијата и потпомогнатото самоубиство се недозволиви и морално и етички, и би требало да се забранат ,без исклучок. Но моралните, религиските, социјалните и правните прашања за лекување на смртно болните се меѓу најсложените и најчесто дискутираните теми на модерната медицина, се истакнува во воведот на документот.
Медицинските постапки – лекарски и технолошките третмани на оние на умирање – се оправдани само кога станува збор за ублажување на болките, се истакнува во заедничката изјава и одлучно се отфрла секоја помош при умирањето, како свесна и намерна постапка со која се прекинува животот, како и медицинско потпомогнатото самоубиство, кое во потполност е во спротивност на вредноста на човечкиот живот, значи потполно е погрешно – се истакнува во документот.
Потпишувањето на изјавата на папата Фрањо му го предложи рабинот Аврам Штајнберг, а Папата предлогот го довери на Папската академија за живот. Во нацрт документот работеше меѓурелигиска група под раководство на Папската академија за живот, а официјално е усвоена на 28 октомври.
Во документот се истакнува дека трите авраамски религии сакаат да соработуваат со останатите религии и сите луѓе со добра волја во привлекување на вниманието по прашањето за нега на оние кои умираат. Заедничката изјава упатува посебен апел до политичарите и вработените во здравството да се запознаат со погледите и науката на авраамските религии како би можеле што подобро да помогнат на оние кои умираат и на нивите семејства кои се држат до своите верски принципи.
Исто така предупредуваат дека здравствените работници не би смееле да се присилуваат директно или индиректно да учестуваат во намерна и планирана смрт на пациентот преку потпомогнато самоубиство или било кој друг вид помош при умирањето, посебно кога се тоа противи на нивната верска совест.
Од католичка страна документот е потпишан од куријалниот кардинал, претседател на Папскиот совет за промовирање единство меѓу христијаните, Курт Кох, претседателот на Папскиот совет за меѓурелигиски дијалог Мигуел Ауцо, и префектот на Дикастеријата за промовирање на целосен човечки развој, Петер Турксон, како и претседателот на Папската академија за живот, надбискупот Виченцо Паглија. Присутен беше и претставник на рускиот православен митрополит Хиларион.
Ватикан њуз/к.мк