Меѓународна средба за водата и климата во Рим

Меѓународна средба за водата и климата во Рим

Во Рим, на 23 октомври 2017 година започна меѓународна средба на тема „Водата и климата. Во пресрет на големите светски реки.“ На самиот почеток на средбата Папскиот државен секретар кардинал Пиетро Паролин ја прочита пораката на папата Фрањо, која се однесува за климатските промени се бара брзи и делотворни одговори.

Во пораката папата Фрањо најпрво го упатува својот срдечен поздрав до учесниците на средбата и со желби за работните сесии, чија цел е да се пронајдат начини на кои скапоцениот дар водата може да се сочува за иднината на човештвото. Папата посакува заедничко ангажирање за подигање на свеста на меѓународната заедница за најитните проблеми поврзани со најважните речни текови на планетата и потребата за сѐ поцелосен пристап, со цел промовирање на развојот и ширење на културата на грижа. Доверувајќи му ги на Семоќниот заклучоците кои ќе бидат донесени на средбата, Папата на учесниците и на сите кои се ангажираат за поголемо внимание кон нашиот заеднички дом, молеше за благослов на мудроста и упорноста.

Спомнатата средба, со учество на одговорните за најважните речни текови на сите континенти, прв пат се одржува во Италија, и тоа со цел конструктивен дијалог насочен на соочување со иднината на водите, на кои им се закануваат сѐ почестите и сѐ понасилни климатски промени, со често дрматични последици како што се поплави, суша и уништување на екосистемот.

Споредувањето на големите реки во светот, ќе биде насочено кон заедничката визија во пресрет на состаникот Cop 23, кој ќе се одржи во Бон во ноември, и Светскиот форум за водата, кој ќе се одржи во Бразил во март следната година. Станува збор за две многу важни средби на кои на водата сака да и се признае централната улога во расправата за климата и во одлуките кои властите ќе ги донесуваат за иднината на планетата.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот