Меѓународната заедница може да направи многу повеќе на сите нивоа за да ја насочува миграцијата и да ги поддржува мигрантите – рече исусовецот во разговор за интернет порталот „Vatican Insider“ во пресрет на Светскиот ден на мигрантите и бегалците кој се одбележува на 14 јануари.
Папата инсистира премногу на мигрантите и бегалците? Ние сме тие кои сме премногу спори во својот одговор – истакна потсекретарот на Канцеларијата за мигранти и бегалци при Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој, отец Мајкл Черни, повикувајќи на поотворена миграциска и бегалска политика. Меѓународната заедница може да направи многу повеќе на сите нивоа за да насочува миграцијата и да ги поддржува мигрантите – рече исусовецот во разговор за интернет порталот „Vatican Insider“ во пресрет на Светскиот ден на мигрантите и бегалците кој се одбележува на 14 јануари.
Ватикан бараше дијалог со националните епископски конференции, католичките организации и другите институции за заедно да ги развијат четирите глаголи на Папата – прими, заштити, промовирај, интегрирај – во 20 акциски точки кои се засноваат на социјалната наука на Црквата и нудат добри практики за решавањето на моменталните проблеми – рече о. Мајкл. Тој напомена дека одговорноста е како на властите и заедницата така и на претприемачите, академиците и медиумите да ги земат во предвид ресурсите и капацитетите, како и потребите и огранучувањата на своите држави, покраини или области.
Одговорноста е лидерите да пронајдат добри решенија за реалните проблеми, повикувајќи се на она најдоброто во јавните работи – продолжи о. Мајкл. Вистинскиот лидер покажува дека општото добро може и треба секогаш да се бара, и тоа не може да биде навистина добро ако навистина не е општо: нема т.н. „општо добро“ кое се развива од страв, одбранбен систем, маргинализација – предупреди исусовецот.
Отец Мајкл Черни рече дека спомнатите акциски точки претставуваат корисна алатка за планирање и евалуација на одговорот на Црквата како и на секоја заедница на мигранти, баратели на азил, раселени луѓе и жртви на трговијата со луѓе. Меѓу добрите практики се проширувањето на законските и сигурните патишта за сите мигранти, издавањето на хуманитарни визи, преселувањето во трета земја, програми за стипендирање, хуманитарните коридори, или студенските визи за млади бегалци кои живеат во бегалски кампови. И спојувањето на семејствата може да биде сигурен и законски канал, а покрај тоа овозможува полесна интеграција – објасни о. Мајкл.
Освен тоа, исусовецот се спротивстави на ставот дека папата Фрањо посветува премногу внимание на прифаќањето на мигрантите и бегалците. Отец Мајкл предупреди дека многумина сметаат дека е претерана спорноста со која „развиениот“ свет реагираше на толку очигледни и итни потреби. Многумина сметаат за претерана опсесија за националната бебзедност и затворањето на границите на штета на правата и достоинствата на луѓето во бегство. Многумина сметаат за претерана медиумската пристрасност кога станува збор за сензационалистички вести кои поттикнуваат ксенофобија и изолационизам. И многумина сметаа за претеран начинот на кој политичарите го произведуваат или преувеличуваат чувството за криза за да ги промовираат својата краткорочна корист – рече меѓу останатото о. Мајкл Черни.
РВ/к.мк