Месечна молитвена накана на епископот Стојанов за август 2024

Месечна молитвена накана на епископот Стојанов за август 2024

Месечната молитвена накана на епископот Стојанов за август 2024 е посветена за пожарникарите и сите кои се вклучени во гаснењето на пожарите

Во овој летен период секојдневно сме сведоци на пожари, кои ја пустошат нашата земја, имотите, домовите и природните богатства, а исто така се закануваат и по животите на луѓето. Уште еднаш повикувам на молитва за директно вклучените во гаснењето на пожарите: пожарникарите, припадниците на АРМ, полицијата, медицинските, државните и општинските служби, граѓански здруженија и сите луѓе кои се на терен.

Преку застапништвото на нашата небесна Мајка Богородица, Господ Бог нека ни помогне во справувањето со пожарите и нека ги чува и заштити оние кои директно се вклучени во борбата со огновите.

к.мк

За авторот