Меркел за стравот од исламизација: Христијани, вратете се на својата вера
Расправата за исламот и европскиот идентитет може да нè води кон повторно запознавање на нашите христијански корени, рече германската демохристијанка
„Би сакала да видам повеќе луѓе во Европа кои храбро ќе речат ’јас сум христијанин’ и ќе имаат одважност да влезат во дијалог“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел, запрашана како ја коментира опасноста од исламизација на Европа, што ја пренесуваат германските, а потоа и медиумите во другите земји.
Меркел беше прашана за време на посетата на Швајцарија, поточно за време на посетата на Универзитетот Берн каде доби почесен докторат. Како што пишуваат медиумите, канцеларката рече дека опасноста од тероризам е реалност во земјите како Сирија, меѓутоа и во европските држави каде многу млади луѓе влегуваат во терористички групи. Политичарката рече дека „стравот не е никогаш добар сојузник“, коментирајќи некои остри ’одбранбени’ реакции во својата држава, и како „културите обележени од стравот не можат да имаат добра иднина“.
Како што пренесува страницата Евангеликал фокус, Меркел средбата во Берн ја искористила како би проговорила за христијанските корени на Европа и ги повикала христијаните на „храбро исповедување на верата“ и искористување на можностите на слободно практикување на нивната религија.
„Верниците би требало да се вратат кон црковните набожности и библиски темели. Многу од нив не ги разбираат христијанските претстави за празници како Духови“, рече таа.
Расправата за исламот и европскиот идентитет може да нè води кон повторно запознавање на нашите христијански корени, рече германската демохристијанка.
Битно.нет/Превод: Б.Р.