Директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол во четврток 30 март 2023 година извести дека папата Фрањо, кој вчера беше примен во болницата Гемели поради респираторна инфекција, продолжува со планираните терапии и дека утрово продолжи со работа. Пред ручекот отиде на приватна молитва во капелата
Неговата Светост папата Фрањо добро спиеше во текот на ноќта. Клиничката слика постепено се подобрува и планираната терапија продолжува – изјави за новинарите директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни, осврнувајќи се на здравствената состојба на Папата, кој вчера беше хоспитализиран во поликлиниката „Агостино Гемели“ поради респираторна инфекција.
Бруни напомена и дека Папата утрово по појадокот ги прочита весниците и продолжил со својата работа. Пред ручекот – се наведува во соопштението – отиде во мала капела во приватниот апартман, каде се помоли и прими света Причест.
Вчерашното соопштение
Синоќа портпаролот на Ватикан извести дека папата Фрањо во последните неколку дена се жалел на тешкотии со дишењето и попладнето отишол во поликлиниката Гемели за да направи некои медицински прегледи. Исходот од прегледот покажал респираторна инфекција (исклучен е Ковид-19) за која ќе биде потребна неколкудневна соодветна болничка медицинска терапија.
Ватикан њуз/к.мк