На собранието на Суверениот малтешки ред во Рим за привремен поручник е именуван Марко Лузаго.
Лузаго ќе го води Малтешкиот ред година дена, односно до изборот на големиот мајстор во есента 2021 година, кога воедно ќе биде усвоен и новиот статут. Поранешниот привремен поручник, Фра Џакомо Дала Торе дел Темпио почина на 29 април.
Лузаго е роден во Бреша на северот од Италија, има студирано медицина во Падова и Парма, а потоа ја преземал семејната фирма. Од 1975 година е член на Малтешкиот ред, кој од 2018 година поминува низ серија реформи.
Од 58 членови на Врховниот совет со право на глас, меѓу нив и две жени, 44 лично пристигнаа во Рим, додека останатите беа спречени поради епидемиолошките мерки или пак здравствени причини. Според одредбите мора да се гласна лично.
Папата Фрањо на 1 ноември оваа година го именува надбискупот Силвано Марија Томаси за нов посебен пратеник при Суверениот малтешки витешки ред.
Ватикан њуз/к.мк