Македонски Каритас издаде сликовница со наслов „Необичен сојуз“

Македонски Каритас издаде сликовница со наслов „Необичен сојуз“

Во издание на Македонски Каритас на 28 септември 2020 година од печат излезе сликовницата за деца со наслов „Необичен сојуз – Јас внимавам поради тебе, ти поради мене“, која е наменета за деца од основното образование, но и за повозрасните. Издавач е Македонски Каритас, автори на текстот се Виолета Микулец и Нора Бачои, која истовремено е и автор на илустрациите.

Во сликовницата, на детски разбирлив јазик авторите истакнуваат дека вирусот не е само личен проблем,  туку и нешто што нѐ поврзува и ни налага да започнеме да правиме чекори за да работиме за доброто на сите луѓе. Преку оваа ситуација која нѐ затекна, се поттикнува читателот на заеднички ангажман, затоа што само така можеме да се заштитиме и да ја надминеме пандемијата.

Поттик за издавање на оваа сликовница е децата да бидат опфатени и на индиректен начин да им се доближи реалноста на пандемијата, но пред сѐ вредностите кои треба да се запазат, за да се надмине успешно оваа пандемија, но и од неа да се излезе похумани и почуствителни за потребите на другите околу нас.

Сликовницата е издадена во рамки на проектот „Информирај се и реагирај“, кој го спроведува Македонски Каритас, а е овозможен од Италијанската бискупска конференција.

Сликовниците можат да се најдат во сите парохии ширум земјата.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот